Реал наскоро треба да го официјализира трансферот на Алаба

epa08621009 David Alaba of FC Bayern celebrates with the trophy after winning the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 23 August 2020. EPA-EFE/Miguel A. Lopes / POOL

Давид Алаба потпиша дел од договорот со „кралскиот“ клуб, пишува новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.

Австрискиот одбранбен играч доаѓа во Реал Мадрид како слободен агент откако помина вкупно 13 години во редовите на Баерн.

Се очекува наскоро клубот од „Сантјаго Бернабеу“ да го официјализира трансферот на Алаба, најверојатно по завршувањето на сезоната кога сите документи ќе бидат потпишани.

Наскоро го очекува настапот со австриската репрезентација на Европското првенство, а токму оваа селекција е еден од нашите ривали.

Севкупно за баварскиот гигант запиша 430 настапи и реализираше 33 голови, се закити со 10 бундеслигашки титули, а двапати ја освои Лигата на шампионите.

„Кралските“ игри го враќаат Бензема во француската репрезентација?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот