Фото: Real Madrid Basket

Реал Мадрид го елиминираше Хапоел за место на фајнал-фор во Евролигата

Реал Мадрид обезбеди пласман на завршниот турнир во Евролигата, откако во четвртиот дуел од серијата го совлада Хапоел Тел Авив со 87-81 и ја потврди својата доминација.

„Кралевите“ до победата стигнаа по израмнето прво полувреме, во кое двете екипи водеа жестока битка на паркетот. Реал ја доби воведната четвртина со 23-21, а клучната предност ја создаде во финишот на вториот период, кога се одлепи на 46-36.

Израелскиот тим во второто полувреме се обиде да направи пресврт и во неколку наврати сериозно се закани, но шпанскиот гигант успеа да ја задржи контролата и рутински да го приведе мечот до крај.

Најефикасен во редовите на Реал Мадрид беше Гаруба со 16 поени, додека кај Хапоел Тел Авив се истакна Отуру со 29 поени.

ГАЛЕРИЈА | Вардарово славје во Скопје, Пелистер изгоре во скопскиот вулкан

Хаос во српското ватерполо – се повлече речиси цела репрезентација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот