Српска репрезентација во ватерполо/ EPA/SIMON LIM

Хаос во српското ватерполо – се повлече речиси цела репрезентација

Продолжува бурата во Ватерполо сојузот на Србија. По изборот на Слободан Соро за претседател на ВСС и неговите изјави поврзани со успесите на репрезентацијата, со заедничко соопштение се огласија и повеќе репрезентативци.

Новиот претседател на ВСС изјави дека златните медали во Париз и Белград биле повеќе резултат на моментална инспирација, отколку доказ за вистинскиот квалитет на националниот тим. Најпрво оставка поднесе селекторот Урош Стевановиќ, а потоа следуваше и дополнителна реакција.

Епилогот е следен од националниот тим се повлекоа 11 играчи кои настапуваа за Србија на Европското првенство. Единствено тоа не го направија ватерполистите на Нов Белград, Милош Ќук, Милан Глушац, Никола Лукиќ и Василије Мартиновиќ, што е и очекувано.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на златните ватерполисти во целост:

„Како долгогодишни репрезентативци, актуелни европски и трикратни олимписки шампиони, сметаме дека е неопходно да се огласиме по повод најновите случувања во нашиот Сојуз.

Новиот претседател на Сојузот, Слободан Соро, во повеќе наврати преку своите изјави се обиде да ги дискредитира и омаловажи сите наши успеси во последните неколку години. Нашите златни медали воопшто не беа резултат на моментална инспирација, како што наведува Слободан Соро, туку плод на долгогодишни жртви, напорни тренинзи, заедништво и борба.

Исто така, сакаме да ја потсетиме јавноста дека дел од играчите од актуелниот состав на репрезентацијата веќе беа изложени на неспортски потези од страна на Слободан Соро и неговиот тим во ВК Нов Белград,  забрана за тренирање, исфрлање од клубот, оневозможување настап за репрезентацијата и слично. Сметаме дека сите тие постапки и тогаш беа направени со цел да ѝ се наштети на нашата репрезентација, на нашето заедништво и да се спречи понатамошниот напредок на српскиот репрезентативен ватерполо.

Нашиот тим, како најтрофејна репрезентација на Србија, заслужува претседател на Сојузот достоен за сè она за што се боревме во изминатите години, човек кој ќе ги брани нашите интереси, ќе застане зад нас, ќе го вреднува сето освоено и ќе поттикне нови трофеи.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Jaksic (@njaksic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот