РЦУК: Утре без струја делови од Центар, од Гази Баба и од Арачиново

Фото: Ансплеш

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Центар, Гази Баба и Арачиново, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 10 до 13:30 часот без струја ќе биде улица „Елисие Поповски Марко” од бр. 1 до бр. 29, улица „Шарски Одреди” од бр. 1 до бр. 7, улица „Козара” од бр. 11 до бр. 26 и улица „Мајка Тереза” од бр. 12 до бр. 20, во Општина Центар.

Без струја од 9 до 12 часот ќе биде дел од улица „Антон Панов”, од бр. 53 до бр. 59 во Општина Гази Баба.

Од 9 до 12:30 часот без струја ќе биде дел од село Арачиново, во околината на горната џамија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот