Размена во стилот на НБА лигата, вклучен и Манчестер сити во трансферот на Лаутаро
Се чини дека трите клуба се договорија и најдоа решение кое им одговара на сите.
Трансфер ѕвезда во летниот преоден рок се очекува да биде Лаутаро Мартинез, а неговото заминување во Барселона ќе биде во стилот на НБА лигата.
Препорачано
Бидејќи пандемијата на коронавирусот удри по економската моќ на екипите, во преодниот рок се очекува да има доста размени, а помалку купување на играчи со пари, и во ваква состојба во центарот на вниманието е Барселона.
Се поизвесно е дека Лаутаро Мартинез го делат недели од трансфер во каталонскиот клуб и тоа благодарение на Манчестер сити кој ќе се вклучи во размената.
Имено, Интер бара пари и десен бек, поточно Нелсон Семедо во замена за Лаутаро Мартинез. Проблем во оваа размена е што Семедо сака да се пресели во Премиер лигата, поточно во редовите на Манчестер сити и да игра кај Пеп Гвардиола. Семедо се очекува веднаш да обезбеди место во првиот тим и тоа на сметка на Кансело.
Португалецот минатата година пристигна во Манчестер сити од Јувентус, а претходно настапуваше за Валенсија и за Интер кој тогаш немаше 40 милиони евра за да го откупи неговиот договор.
Интер сака да го врати Кансело во своите редови и поради тоа ќе и дозволи на Барселона прво да направи „трампа“ со Манчестер сити во која екипите ќе си ги разменат десните бекови, а потоа Кансело ќе се пресели во Интер како дел од пакетот за Лаутаро Мартинез.


