Разговор со д-р Коста Цветковиќ: Сè што треба да знаеме за бенките

profimedia

Малигните бемки секогаш немаат симтоми, сè додека не сe целосно развиени. Но постои и шанса бенигните промени да имаат дел од симптомите на малигните, па да нѐ наведат кон погрешна дијагноза.

Како да препознаеме ризична бенка, дали една бенка треба да се отстрани или да се „следи“, дали отстранувањето е безболно, и што да правиме со повредените бенки, разговараме со д-р Коста Цветковиќ од дерматолошката ординација „Дерма плус“.

д-р Коста Цветковиќ од дерматолошката ординација „Дерма плус“.

Како да препознаеме ризична бенка, дали станува збор за бенигна или малигна бенка?

– На ова прашање нема конкретен одговор поради фактот што секогаш малигните бенки немаат симтоми сè додека не сe целосно развиени. Во тие инстанци, овие промени развиваат неспецифични симптоми како локално воспаление, крварење, формирање красти, пецкање, затегнатост и јадеж. Но постои и шанса бенигните промени да имаат дел од овие симптоми па да нѐ наведат кон погрешна дијагноза. Затоа, секогаш се препорачува дермоскопски преглед и точна анамнеза од пациентот, за лекарот да биде тој кој би востановил за каков тип бенка станува збор.

Дали е подобро бенката да се следи или да се отстрани? Кога е потребно да се отстрани и на кој начин се отстранува?

– Во однос на тоа дали една бенка треба да се извади или да се следи, зависи директно од лекарот што ја прегледува. Доколку една промена се смета за високоризична или верифицирана како малигна, тогаш речиси секогаш се пристапува кон нејзино хируршко отстранување. Промените на кожата се „следат“ во ретки случаи и тоа кога пациентот не сака да се подложи на хируршки зафат, а притоа дијагнозата не е секогаш јасна при дермоскопирањето.

Дали е безбедно да се отстрани бенка од естетски причини?

– Да, хируршкото отстранување или „шејвинг“ (shaving) со радиобранови се потполно безбедни процедури, кои успешно ги отстрануваат бенките од естетски причини. Лузните се минимални, процедурите се брзи и безболни, а резултатот е видлив уште во наредните неколку денови.

Како да постапиме ако бенката ни е раздразнета или повредена?

– Повредите на бенките и нивното надразнување се едни од причините за следење, бидејќи овие неспецифични симптоми честопати ја маскираат точната дијагноза. Во овие случаи, дерматологот препорачува кортикостероидна и/или антибиотска крема, која би го смирила надразнувањето. Овие креми не влијаат никако на бенките, па затоа претставуваат најдобар начин за да се појасни дермоскопската дијагноза при прегледот на една бенка што е повредена или иритирана.

Зошто бенката може нагло да се зголеми, што значи тоа и како да постапиме?

– Причините за зголемувањето на една бенка се повеќе. Може да бидат интринзични (внатрешни) или екстринзични (надворешни). Исто така, зголемувањето може да е од физиолошка или од патолошка состојба. За нагло, брзо зголемување обично влијаат надворешни фактори како сонце или траума. Постапката при една ваква состојба е да не се паничи, туку веднаш да се консултира лекар специјалист – дерматолог, со цел тој да ја утврди причината за нејзиното зголемување.

Ординација „Дерма плус“, бул. „Јане Сандански“ 84, Скопје, тел. 02 244 6600

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот