ВИДЕО | Разбојниците го запалиле џипот за да ги сокријат трагите од грабежот во Гостивар

Џипот што бил користен при синоќешниот грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајден запален на патот кон планинскиот премин Стража. Возилото било целосно зафатено од пламен, а сомнежите се дека разбојниците го запалиле намерно за да ги сокријат трагите и доказите од грабежот.

Неколкумина разбојници, вооружени со автоматски пушки, синоќа ограбија златарница во центарот на Гостивар. Тие влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа побегнале со црн џип во непознат правец.

За време на бегството, разбојниците фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на градот за да го отежнат движењето на полициските екипи.

ВИДЕО: Филмски грабеж на златарница во Гостивар, разбојниците со „калашникови“ фрлиле пречки за полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот