Разбиена мрежа за фалсификување на пари поврзана со мафијата Камора, уапсени 44 лица

Евра/ Фото: ЕПА

Со апсењето на 44 лица е разбиена голема мрежа за фалсификување на пари поврзана со италијанската мафија Камора, соопшти француската полиција.

Во Италија се уапсени 40 лица, во Франција 3, и еден во Белгија, а целата операција е координирана од Европол.

Во акцијата се запленети 8 милиони евра во готово и имот во иста вредност. Номиналната вредност на фалсификуваните пари е 10 милиони евра.

Истрагата за мрежата за фалсификување пари е поврзана со неаполската мафија Камора која во јануари 2018 година ја покренаа италијанските власти, а се работеше за лажни банкноти од по 50 евра.

Наназад неколку години, 90 отсто од квалитетните лажни банкноти доаѓаат од Италија, а Камора има некаков вид надмоќ на тој пазар, рече Ерик Бертранд од Централната канцеларија за сузбивање на фалсификување на пари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот