Разбиена албанско-грчка група за дистрибуција на кокаин во Атина

Криминална организација која шверцувала кокаин во поширокото подрачје на Атина била разбиена од страна на Поддирекцијата на обвинителството за наркотици при Управата за безбедност на Атика.

Според грчките медиуми, уапсените Албанци меѓу кои има и една жена, се на возраст од 23, 27, 33  и 34 години, а уапсен е и 31-годишен Грк.  Во меѓувреме,  се трага и по уште 5 лица , меѓу кои и лидерот на албанската група „Бими“.

Грчката полиција информира дека се извршени 800 продажби на кокаин на групата на клиенти во Атина, а запленети се 54,7 килограми кокаин поделен во мали пакувања, како и вага, возило и 8 мобилни телефони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот