Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Растот на просечната плата сличен со растот на синдикалната кошницa: На хартија сме усогласени

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2025 година изнесува 65.507 денари, а во август 2024 таа изнесувала 61.199 денари, што значи дека скокот на основните трошоци за живот на едно четиричлено семејство за една година биле 4.305 денари, а ова е износ малку поголем од растот на платите.

Просечната нето-плата во август била 45.310 денари, објави Државниот завод за статистика. Овој просек е за 34 денари повисок отколку во јули кога просечната нето-плата изнесувала 45.276 денари, но е за дури 10,3 проценти повисок од просекот во август 2024 година. Ланскиот август просечната нето-плата била 41.097 денари, што значи дека за една година се зголемила за 4.213 денари.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2025 година изнесува 65.507 денари, а во август 2024 таа изнесувала 61.199 денари, што значи дека скокот на основните трошоци за живот на едно четиричлено семејство за една година биле 4.305 денари, а ова е износ малку поголем од растот на платите.
Но, во јавноста многу често се критикува износот на просечната плата, кој иако статистички е точен, не ја одразува вистинската состојба на најголем дел од граѓаните. Ова го илустрираше и Сојузот на синдикати, кој рече дека според последната анализа што ја побарале од УЈП, а која се однесува за мајските плати, 374.045 работници или 73,3 отсто од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7 проценти од работниците примиле плата над просечната плата.
И августовските податоци покажуваат дека највисока плата е во секторот „Информации и комуникација“ и таму просекот е 82.905 денари, а најнискиот просек е во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности на храна“ – 33.479 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот