Расте невработеноста во Србија, 200 илјади лица останале без работа поради пандемијата

За речиси половина од оние кои ги загубиле работните места, причината е отказ поради прекинување на работата на компанијата.

Резултатите од истражувањето на „SeConS“ група за развојна иницијатива со поддршка на Фондацијата Фридрих ЕбертВо говорат дека во земјата бројот на невработени за време на пандемијата се искачил за 200 илјади.

Според ова истражување, најголем товар, но и најголемиот ризик за време на кризата сносат жени, кои сочинуваат дури 86 проценти од вработените „на првата линија на заразата”.

Зголемен обем на работа во домаќинството и грижа за членовите на семејството, исто така, остана кај жените (во 70 отсто од домаќинствата), кои ги извршувале тие работи претежно дури и пред кризата.

„Две третини од испитаниците се загрижени за здравствените ризици, 35,6 проценти од нив се загрижени за претстојната економска криза во Србија, 16,2 отсто изразија загриженост за потенцијалното влошување на состојбата на слободите, зајакнување на репресијата и авторитарната власт”.

За речиси половина од оние кои ги загубиле работните места, причината е отказ поради прекинување на работата на компанијата (46,2 проценти), а на петтина од вкупниот број (20,5 проценти) не им бил понуден нов договор, откако истекол претходниот.

Најтешко погодени од загуби на работните места се вработените во приватни компании, во угостителството, трговијата, градежништвото, самовработените, неформално вработените, како и оние кои работеле со договори за определено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот