Фото: Принтскрин

Расте интересот за вадење на сертификати за здравје и безбедност при работа

Здравствените работници велат дека интересот на работодавачите за превентивни прегледи за нивните вработени e тренд кој за среќа оди во нагорна линија. Имаме голем број на прегледани вработени како во јавниот сектор така и во приватните фирми, посебно во областа на градежништвото, вели доктор Кадри Кадриу.

„Ние по прегледите подготвуваме документација за здравствената состојба на вработените. Овие прегледи се вршат според Закон за безбедност и здравје при работа. Имаме периодични прегледи и систематски прегледи. Овие прегледи според степенот на ризикот се вршат за работни места со низок, умерен и висок ризик. Кај вработените со низок ризик, прегледите се вршат само со лабараториски миниум, преглед на очи, уши, бели дробови и слично“, вели доктор Кадриу.

За зголемениот интерес за вадење сертификати се клучни два фактори зголемената свест кај работодавци, но и зачестените контроли на трудовата инспекција во нивните фирми.

„Досегашните прегледи покажуваат дека здравствената состојба е на повисоко ниво. Имаме и ретки случаи каде имаме и лица со хендикеп за кое не даваме дозвола за работа има и некои појави психички кои делуваат на здравствената состојба на вработените. За големиот интерес за вадење на сертификати за Здравје и безбедност при работа улога играат и контролите од инспекциските служби односно трудовата инспекција, но и свесноста на работодавачите кои секоја година доаѓаат сами и покажуваат интерес за здравјето на нивните вработени. Но, факт е дека инспекцијата ја врши својата работа,“ вели доктор Кадриу.

Сертификатите за Здравје и безбедност при работа треба да ги извадат сите претпријатие без разлика колкав е ризикот на работните места на нивните вработени, додава доктор Кадриу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот