РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ОД УРАГАНОТ ДОРИЈАН НА БАХАМИТЕ: Во стравичното невреме загинаа најмалку 20 луѓе! (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа во ударот на ураганот Доријан на Бахамите, додека локалните власти стравуваат дека таа бројка ќе расте.

Најновите податоци за жртвите ги објави министерот за здравство Двејн Сандс. Тој прецизира дека 17 лица загинале на островите Абако, а  три на Гранд Бахами.

Потрагата по преживеани во поплавените куќи почна и се стравува дека конечниот број на жртви ќе биде поголем, изјави министерот пред американските медиуми.

Карипскиот архипелаг од 700 острови го погодија исклучитечно силен ветер и бранови поголеми од многу островски куќи.

Доријан изминатиот викенд го опустоши брегот на Бахамите со рекордна брзина на ветарот од околу 300 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот