Рашковски најави кривични за Чепуњовски и тужби за клевета против повеќе лица

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на денешната прес-конференција најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир”, „Инфомакс” и „Лидер”.

Рашковски, кој во моментов на прес-конференција ги објаснува деталите околу случајот во М-НАВ што произлезе по објавен разговор, им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор.

Според него, несериозно е да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.

Договорот за избор на италијанската фирма „Леонардо”, како што посочи Рашковски, е потпишан од страна на менаџментот поставен од минатата власт, односно од Живко Поповски, татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот