Рашела Мизрахи: Татко ми почина на Онкологија, се обидувам да дојдам до вистината по секоја цена, ама каде се добрите деца од мојата генерација?

Рашела Мизрахи-претседателка на анкетна комисија / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот Онкологија, Рашела Мизрахи, не успеа да го скрие разочарувањето од атмосфератата на Анкетната Комисија за скандалот Онкологија, откако директорот на МАЛМЕД Лирим Шабани и неговиот заменик Роберт Бекироски, според нејзина проценка, дошле прилично неподготвени да одговараат на пратеничките прашања.

Директор на Малмед / Фото: ,,Слободен печат”- Драган Митрески

Речиси на секое прашање се одговара неконкретно, а ни документите се нецелосни, реагираше Мизрахи.

-Мојот татко почина на Онкологија во 2021 година, шест дена беше на таа клиника, примаше биолошка терапија. Се борам да стигнам до вистината по секоја цена, но е тешко да се гледаат претставници на институции кои изгледаат како да се обидуваат да избегнат допир со сето она што реално се случило, да добијат амнезија, да не знаат ништо, да одговараат со бенигни генерализирани одговори. Се прашувам има ли луѓе, каде се добрите деца од мојата генерација во оваа држава? И ќе ви кажам зошто. На прашањето на Гордана Силјановска Давкова дали се направени набавки на биолошка терапија преку МАЛМЕД одговоривте негативно. Ама направени се. На 7.3.2019 година биолошка терапија сте набавиле. Пембролизумаб сте набавиле исто. Вие сте дел од системот на лекови, кои завршиле во Македонија или надвор од Македонија, не може да дојдете на Анкетна комисија без ниеден одговор. Ве молам застанете на страната на сите кои се борат за вистината. Вистината им ја должиме и на живите и на мртвите. Доставете ги сите документи, му рече Мизрахи на Шабани.

Рашела Мизрахи-претседателка на анкетна комисија / Фото: ,,Слободен печат”- Драган Митрески

Тој одговори дека МАЛМЕД стои на располагање и ќе ги достави сите информации меѓутоа деак рокот што ѝ бил даден на институцијата од два дена да одговори е премногу кус. Напомена дека голем дел од прашањата не се во надлежност на МАЛМЕД.

-Не е во наша надлежност некој ако украл лекови. Ако продавал надвор од државата или во државата. Ние сме одговорни за лекот, кој и да е тој, истакна Шабани.

Меѓу поставените прашања беше колку дозволи за спроведување на клинички испитувања на Клиниката за онкологија биле доделени од МАЛМЕД, за кој лек, на кој доктор како главен истражувач, но одговор и за ова беше најавен дека ќе биде даден на писмено.

Директор на Малмед / Фото: ,,Слободен печат”- Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот