Раперот Лил Вејн обвинет за поседување оружје, му се заканува затворска казна од 10 години

Instagram

Судот во американската сојузна држава Флорида, покрена обвинение против раперот Лил Вејн за поседување огнено оружје пронајдено минатата година и му се заканува казна затвор од десет години.

Кај пејачот на хитот „Lollipop“ минатата година при претрес на неговиот приватен авион било пронајдено оружје со муниција.

Instagram
Instagram

Раперот, чие вистинско име е Двејн Мајкл Картер (38) и пред десет години беше осуден за поседување оружје. Според законите во Америка, на осудените за поседување оружје им е забрането до крајот на животот да поседуваат оружје.

Странските медиуми објавија дека музичарот, кој има куќа во Јужна Флорида, признал дека позлатениот пиштол пронајден во неговиот багаж е во негова сопственост. Пиштолот, наводно, го добил како подарок за Денот на таткото.

Instagram
Instagram

За време на претресот, полиција покрај пиштолот пронашла и неколку видови наркотици како кокаин, екстази и хероин, како и 25.000 американски долари.

Судењето на раперот треба да започне на 11 декември оваа година.

Лил Вејн има освоено пет музички награди „Grammy“, а пред претседателските избори во Америка, тој се се појавуваше во јавноста покрај Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот