Рангелова до Мицкоски: Сега можеме лично на дуел да се пресметаме

Мило ми е што излезе вака. Ќе им порачам само на оние сведоци што јавно сведочеа против мене, нека им служи на чест, изјави денес поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова,  откако обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против неа во случајот „Шамарите во Центар“.

– Сега ми е полесно, бидејќи сега можам полесно да возвратам на сите што ќе ме нападнат. Да не бев во овој обвинителен акт, ќе можев многу послободно да дејствувам изминатиот период, бидејќи бев обвинувана дека ќе се пазарам. Сега си ја докажав правдата и можам слободно вербално да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Жал ми е што требаше четири години да се докажуваме, но со овие аргументи сега се покажува токму спротивното што го тврдеа Мицкоски и “компанијата” и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел, доколку цени дека треба да излезе со мене. Можеби не се чувствува за достоинствено дека треба да излегува со некој бивш функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство би сакала очи в очи да се пресметаме, кој одработува за оваа власт, дали ние или тој – рече Рангелова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот