РАМО ДО РАМО СО ЏЕКИ ЧЕН И ХАМИЛТОН: Ноле сними филм за веганската исхрана

принстскрин/Instagram

Српскиот тенисер го сними краткиот филм „The Game Changers“ посветен на спортот и веганската исхрана.

Тој се најде во нова улога на извршен режисер и тоа заедно со Џејмс Камерон, Арнолд Шварценегер, Џеки Чен, Луис Хамилтон и Крис Пол.

„Овој филм е инспиративен за мене и лично и професионално. Горд сум што сум дел од него и не можам да ја дочекам премиерата во септември“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Филмот ќе биде прикажан на 16 септември во над 1000 кино-сали низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот