Ракометен спектакл: Македонија на 3-ти јануари ќе слави јубилеј и ќе ги поздрави легендите

Фото: РФМ

На почетокот на новата година, на 3. јануари Ракометната федерација на Македонија ќе организира вистински спектакл како одбележување на 30 години од формирањето на машката репрезентација, но тоа ќе биде и натпревар во кој ќе се поздрават легендите кои се збогуваа од националниот дрес.

Натпреварот ќе се одигра во време на подготовките за Светското првенство во 2023 година и сигурно дека ова се очекува да биде вистински магнет за сите ракометни фанови.

Во репрезентативна пензија достојно ќе бидат испратени Кире Лазаров, Стојначе Стоилов и уште неколку ракометари кои оставија длабока трага во националниот дрес.

Репрезентациите од клупата ќе ги водат Илија Темелковски и Ѕвонко Шундовски, најуспешните селектори на Македонија. Иако станува збор за ревијален натпревар, сепак ова може да послужи и како подготовка за репрезентативците кои истиот месец ги очекува Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот