Најдобрите македонски ракометарки ќе тестираат двапати против Норвешка/фото: РФМ

Ракометарките од последниот шешир ќе ги чекаат противниците Европското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ја чека ждрепката за Европското првенство од последниот, четврти барабан. Извлекувањето на групите е закажано за 16 април во Катовице.

Во истиот барабан со Македонија се наоѓаат и селекциите на Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција, што значи дека овие репрезентации нема да можат да се најдат во иста група.

Континенталниот шампионат ќе се одржи од 3 до 20 декември во пет земји, Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Романија ќе биде домаќин на две групи, кои ќе се играат во Орадеа и Клуж, додека останатите натпревари од групната фаза ќе се распределат во Анталија, Брно, Катовице и Братислава. Земјите-домаќини ќе имаат улога на носители, а во една од романските групи таа позиција ќе ја има Унгарија.

Пласман во главната фаза ќе обезбедат по двете најдобри репрезентации од секоја група, а натпреварите од оваа фаза ќе се играат во Клуж и Катовице. Завршницата, односно полуфиналето и финалето, е предвидена да се одржи во Катовице.

Барабани за ждрепката:
1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот