Ракометарите против Србија ќе играат за бронзата на Медитеранските игри

Фото: rukometni savez srbije

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Србија во натпреварот за третото место на Медитеранските игри што се играат во Оран, Алжир.

Селекцијата на Србија вечерва во второто полуфинале на Медитеранските игри загуби од Шпанија со 42:38.

Првото полувреме заврши со предност од еден гол за Шпанија (22:21), а во второто полувреме „фуријата“ одлучувачката предност ја направи во последните 15-тина минути.

Натпреварот за третото место меѓу Македонија и Србија ќе се игра в среда со почеток од 12.часот, додека во финалето ќе се сретнат селекциите на Шпанија и Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот