Ракометарите по заверка на настапот на ЕП 2020

EPA/GEORGI LICOVSKI

Машката ракометна репрезентација вечерва (20 ч.) против добропознатиот Исланд има шанса да си обезбеди ново учество на Европските првенства.
Во средата Македонија за прв пат успеа да го победи Исланд во Рејкјавик (34:33) благодарение на голот на Манасков во последната секунда, со една нога е на ЕП 2020, а вечерва со уште една победа речиси сигурно ќе си обезбеди прво место во Групата 3, позиција која носи полесни противници во ждрепката.

– Не очекува потежок натпревар од тој во Исланд, бидејќи таму игравме без притисок, тука ќе имаме притисок. Завршивме голема работа на тој натпревар, речиси сме сигурни на Европското првенство. Но ни се отвора шанса да завршиме први во група што ни дава можност да бидеме подобро рангирани во ждрепката – изјави капитенот Кирил Лазаров.

Со свои мотиви и пресметки и Исланѓаните влегуваат во вечерашниот дуел, ќе бараат одмазда за поразот од Рејкјавик. Селекторот Гудмундур Гудмундсон за овој натпревар направи две измени, голманите од првиот натпревар, Густавсон и Едвардсон, а на нивно место ги повика Бјоргвинсон и Халмгринсон.

– Не верувам дека ние може да одиграме повторно така лошо во одбраната. Тоа одлучи да го загубиме натпреварот во Рејкјавик со 33-34. Но, сега знаеме каде ни беа грешките и во овој натпревар сигурно посакуваме да стигнеме до победа. Македонија исто така тешко дека може да одигра онаков натпревари двапати по ред. Беа одлични во нападот, нешто што не изненади. Во секој случај мотивирани сме за надигрување на гостински терен – вели Гудмундсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот