„Ракетно моделарство“ ќе ги учи младите да веруваат во својот сон и покрај туѓото влијание

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Ракетно моделарство“  кој ја обработува темата од детскиот живот, каде сите ние некогаш сме биле под нечие влијание. Децата се најмногу изложени, особено во денешницата на влијание од постари лица, средината, како и пороците. Филмот е за конфликт меѓу исполнувањето на сопствениот сон и туѓото влијание за неговото остварување. Низ едно детско хоби се покажува колку туѓото влијание може да е пресудно за животот на детето и детскиот сон. Снимањето се одвиваше на различни локации во Скопје и филмот е во пост-продукциска фаза.

Во филмот играат познатите македонски актери Никола Ристановски, Катерина Коцевска и Петар Мирчевски. Главниот детски лик го игра Дамјан Ѓуроски во улога на Калин. Во улогата на Леа е Матја Милан, а Бранислав Пеликон е во улогата на Нешко. Во улогата на Стајка е Максим Радевски. Продуценти на филмот се Златко Калеников и Марија Димитрова, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Александра Чевреска, а костимите на Роза Трајческа Ристовска. Проектот е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и МРТ. 

Главен лик е Калин, дете на 11-годишна возраст, кое сонува за вселената и патот до неа. Тој еден ден сака да биде космонаут или инженер кој ќе гради ракети. Калин е запишан во народна техника, образовна институција од тоа време, во која одат децата со слични желби и фантазии, млади научници кои сакаат да градат ракети, авиони, бродови, електронски помагала, компјутери, монитори, радија. Калин ги посетува часовите по ракетно моделарство на кои учи да изгради ракета, модел кој ќе лета на барут. Живее во соба со помалата сестра Леа, која секогаш сака да биде како Калин и да биде дел од неговите научни проекти и игри.

Детскиот ум, иако многу слободен и креативен, треба да знае што е добро а што лошо, да поставува граници и да не потпаѓа под влијание, е пораката на филмот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот