Рафаел Варан одлучи да се повлече од професионалниот фудбал
Францускиот фудбалер Рафаел Варан (31) и светски шампион од 2018 година одлучи да се пензионира по новите проблеми со повредите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Варан летово го напушти Манчестер јунајтед како слободен играч, потпиша за Комо, но реши да го раскине договорот со италијанскиот клуб поради повреда.
Легенда на Реал Мадрид и француската репрезентација со која ги освои сите можни трофеи и дефинитивно е еден од најдобрите дефанзивци во модерната историја на фудбалот.
Тој порасна во Ленс, а во Реал пристигна во 2010 година како голема желба на тренерот Жозе Мурињо.
Во Реал помина 10 години, а потоа во 2021 година беше продаден на Манчестер јунајтед за 40 милиони евра.
– Велат дека на сите добри работи мора да им дојде крајот. Во мојата кариера се соочив со многу предизвици. Неверојатни емоции, посебни моменти и спомени кои ќе траат цел живот. Размислувајќи за тие моменти, со голема гордост и чувство на исполнетост го најавувам моето повлекување од играта што сите ја сакаме.
Не се каам, не би менувал ништо. Освоив повеќе отколку што можев да сонувам, но покрај признанијата и трофеите, горд сум што без разлика на сѐ, останав на моите принципи да бидам искрен и се обидов да заминам секаде подобро отколку што најдов. Се надевам дека сите ве направив горди – стои во дел од објавата на Варан на Инстаграм.


