Рафа Бенитез повеќе не е тренер на Селта Виго

фото: EPA-EFE/CATI CLADERA

Рафаел Бенитез официјално повеќе не е тренер на Селта Виго, објавија денеска од шпанскиот фудбалски клуб.

Прекинот на соработката доаѓа по поразот на Селта на гости кај Реал Мадрид со 4:0 во шпанската „Ла Лига“.

Во моментов тимот од Виго е на 17 место на табелата во првенството со 24 бода, два повеќе од Кадиз кој е во зоната за испаѓање.

Бенитез на почетокот на оваа сезона седна на клупата на Селта. Шпанецот во текот на кариерата раководеше со голем број клубови, а најголемиот успех го постигна со Ливерпул.

Со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2004/2005, додека со Валенсија два пати беше првак на Шпанија, а стигна и до трофејот во тогашниот Куп на УЕФА (сегашна Лига Европа).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот