Радоичиќ во полиција, дал исказ за случувањата во селото Бањска

Косово немири / Фото Архива

Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за нападот на косовската полиција, денеска одговори на поканата на институциите на Србија и во својство на граѓанин даде изјава за околностите на нападот во селото Бањска минатиот викенд.

Ова денеска го соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија, посочувајќи дека за исказот кој Радоичиќ го дал во присуство на својот адвокат, преку писмен извештај ќе биде известено Вишото јавно обвнителство Белград, кое ќе преземе натамошни мерки.

Засега е нејасно дали и за кое кривично дело би можел да биде обвинет според законодавството на Србија.

Откако официјална Приштина го обвини за учество и организација на нападот на косовската полиција, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Радоичиќ е во Србија и дека ќе биде сослушан.

Радоичиќ е во Србија и ќе биде сослушан, вели Вучиќ по обвинувањата оти потпретседателот на Српска листа учествувал во нападот во Бањска

Радоичиќ, кој во меѓувреме поднесе оставка од функцијата потпретседател на Српска листа, најголемата српска партија во Косово која ја ужива поддршката од Белград, преку својот адвокат призна дека го организирал и учествувал во нападот во селото Бањска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот