Радио Слободна Европа ја тужи Русија пред Европскиот суд за човекови права

Американската радио станица Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ) денеска поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права поради одлуката на руските власти да ја прогласат за „странски агент”.

Русија годинава парично ја казни РСЕ и и ги замрзна банкарскитре сметки во Москва, поради тоа што американската радио станица упорното одбива да признае дека „извршува  функциите на странски агент”.

РСЕ не признава дека е „странски агент”, што има негативни конотации од времето на Советски сојуз и не сака да ја обележува својата програма, а  ја обвинува Русија дека ја крши слободата на изразување и слободата на медиуми.

Согласно руските закони невладини организации, медиуми или лицата финансирани од странство, кои се политички активни се означени како „странски агенти”. Поради тоа се  подложни на дополнителна бирократска контрола.

Неодамна два популарни руски медиуми, меѓу кои и порталот Медуза, беа обележани како „странски агенти”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот