Радев повика на предвремени избори

Бугарскиот претседател Румен Радев повика на предвремени избори по вчерашните протести во земјата, на кои граѓаните излегоа на улиците против најавените зголемувања на даноците со новиот Буџет за 2026 година.

Тој повика на смирување на ситуацијата и нагласи дека насилството мора да престане.

Коментирајќи ги судирите меѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Софија, кои доведоа до невиден вандализам во поновата историја на Бугарија, Радев рече дека зад судирите меѓу демонстрантите и полицијата стои мафијата, која како што вели, има за цел да се соочи со нив, пренесува БГНЕС.

„Насилството мора да престане. Ги повикувам сите да се придржуваат до законот. Провокациите не го менуваат фактот: Бугарите рекоа НЕ на оваа влада. Има само еден излез: оставка и предвремени избори“, напиша Радев на социјалните мрежи.

Синоќа над 50.000 граѓани се собраа на протестите во главниот град на Бугарија, на протест против актуелната влада. Тие се незадоволни од владата и од начинот на кој се води државата, пишуваат бугарските медиуми.

Освен во Софија, дополнителни над 30.000 демонстранти излегоа на улица и во повеќе од 10 големи градови низ Бугарија.

ВИДЕО | Повеќе од 80.000 Бугари излегоа на протест против Владата: „Радев уфрли провокатори да палат и да дивеат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот