ВИДЕО | Повеќе од 80.000 Бугари излегоа на протест против Владата: „Радев уфрли провокатори да палат и да дивеат“
Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на протестите во главниот град на Бугарија, на протест против актуелната влада. Протестите се организирани поради највените зголемувања на даноците со новиот Буџет за 2026 година. Граѓаните се незадоволни од владата и од начинот на кој се води државата, пишуваат бугарските медиуми.
Препорачано
Освен во Софија, дополнителни над 30.000 демонстранти излегоа на улица и во повеќе од 10 големи градови низ Бугарија.
Според информации од терен, причина за проширување на протестното движење е и, како што велат граѓаните, арогантниот и непочитувачки однос на владата кон граѓаните и приватниот сектор во текот на буџетските преговори.
Протести се одржуваат и во Варна, Бургас, Русе, како и во Пловдив, каде демонстрантите истакнуваат пароли за оставки, поголема транспарентност и дијалог во носењето на економските политики.
Организаторите на протестите најавуваат дека собирите ќе продолжат и во наредните денови, сè додека буџетските барања на јавноста не бидат слушнати и земени предвид.
Од владата нема официјален одговор на барањата од граѓаните кои протестираат, но ситуацијата останува тензична, а граѓаните категорично порачаа дека ќе продолжат да го искажуваат својот глас и револт.
По 22 часот тензиите ескалираа пред седиштето на „ДПС – Нов почеток“ на Делјан Пеевски. Маскирани млади луѓе вадеа колци и сообраќајни знаци со кои напаѓаа полициски единици и комбиња. Многу од напаѓачите носеа црни качулки и маски за да не можат да бидат препознаени.
Според демонстрантите, ескалацијата се должи на провокатори кои не беа неутрализирани навреме од полицијата.
Организаторите на протестите ги повикаа граѓаните да не наседнуваат на провокациите.
„Радев го откри своето вистинско лице! Нема да дозволиме анархијата и хаосот да ја преземат Бугарија! Румен Радев – Вистинскиот организатор на погромите, палежите и хаосот го откри своето лице!“, вели лидерот на ДПС, Делјан Пеевски.
“


