Работодавач за пример: По 1000 фунти на секој вработен поради зголемени животни трошоци

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Повеќе од 64.000 вработени во Лојдс ќе добијат еднократна исплата од 1.000 фунти од банката работодавач за да им помогне со зголемените трошоци за живот во Велика Британија.

Цените во Британија растат со најбрзо темпо во последните 40 години поради рекордно високите трошоци за гориво и енергија, а тоа пак врши притисок врз финансиите на домаќинствата. Инфлацијата моментално е 9% и се очекува дополнително да се зголеми до крајот на годината.

ИНФОГРАФИК | Вртоглав раст на цените на јагленот, пченицата и гасот на пазарот за суровини

– Персоналот го поздравува бонусот од 1.000 фунти, но има уште долг пат за да се искоренат ниските плати во еден од најпрофитабилните сектори во економијата, велат од синдикатот.

Во своето писмо, банката Лојдс вели дека очекува тековното економско опкружување да продолжи додека преговорите за платите со вработените продолжуваат во 2023 година.

Официјалните податоци минатиот месец покажаа дека во Велика Британија има помалку невработени отколку слободни работни места, за прв пат откако се води евиденција.

Стапките на платите се зголемуваат бидејќи компаниите се обидуваат да вработат и да задржат персонал.

Минатата недела Морисонс објави дека ги зголемува платите за 80.000 свои работници. Ривалските синџири на супермаркети Tesco, Sainsbury’s и Asda веќе најавија зголемување на платите оваа година.

Храната станува скапа и за Германците, инфлацијата руши рекорди во земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот