Работниците предводени од ССМ ги блокираа пратениците, улиците ќе бидат затворени до 11 часот
Точно во 9 часот, работниците предводени од ССМ ги блокираа приодите кон паркингот на Собранието за да не може пратениците да дојдат со возила, да поминат покрај работниците, да ги погледаат во очи и да не може да наплатат тој ден патни трошоци. Повод за оваа блокада беше иницијативата на ССМ да се донесе регулатива за зголемување на платите на 600 евра и на сите други плати за 6.000 денари.
Препорачано
Како што најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, блокадата ќе трае до започнување на собраниската седница во 11 часот. Дотогаш има блокади на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“.
– Некои пратеници станаа, веројатно најрано во животот, па дојода со возилата пред 11 часот и се паркираа. Со пристап до јавни информации ќе побараме да видиме кој за денешниот ден ќе се осмели да наплати патни трошоци. Некои од нив лани наплатија и по 10.000 евра, а не сакаат да им ја зголемат на работниците минималната плата која е помалку од 24.000 денари – рече Трендафилов.
Тој посочи дека без големи протести, блокади на институциите ќе продолжат, а за тоа согласно законот, потребни се само 21 работник.
ВИДЕО + ФОТО | Започна протестот на работниците пред Собранието – Слободен печат


