Протест на ССМ пред Собрание / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

ВИДЕО + ФОТО | Започна протестот на работниците пред Собранието

Работниците предводени од ССМ го започнаа протестот пред Собранието, блокирајќи ги двата приода до Законодавниот дом и принудувајќи ги пратениците да поминат пеш покрај нив. Како што беше и претходно најавено, блокирани се улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието. Повод за оваа блокада беше иницијативата на ССМ да се донесе регулатива за зголемување на платите на 600 евра и на сите други плати за 6.000 денари.

Oд ССМ најавија блокади ако не им бидат исполените барањата. Први на листата за блокирање се пратениците од Собрание, за кои велат дека се глуви за работничките барања и покачување на минималната плата.

Протест на ССМ пред Собрание / Фото: Драган Митрески – Слободен печат
Протест на ССМ пред Собрание / Фото: Драган Митрески – Слободен печат
Протест на ССМ пред Собрание / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

„Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците“, велат од ССМ.

Протест на ССМ пред Собрание / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Оттаму порачаа дека блокадите ќе продолжат со тоа што на 12 февруари, во четврток ќе ги блокираат работодавачите – Стопанската комора, Сојузот на стопанските комори и Организацијата на работодавач, а на 17 февруари, следниот вторник Владата.

Поради протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во центарот на Скопје важи посебен сообраќаен режим.

Пратениците утре ќе се „возат пешки“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот