Работна група ќе предлага решенија за минималната пензија и други мерки за поддршка на пензионерите

Фото: Janusz Pieńkowski / Alamy / Alamy / Profimedia

Од денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија донесен е заклучок да се формира работна група која ќе предложи решенија кои ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите.

Од МТСП информират дека работната група што ќе се формира ќе биде составена од претставници на МТСП, од Владата и Сојузот на пензионери и од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.

-Работната група треба да работи на решенија кои ќе бидат одржливи, кои не ја нарушуваат стабилноста на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и кои, пред се, ги почитуваат потребите на пензионерите, информира МТСП.

Тренчевска истакнала дека работата на Министерството за труд и социјална политика со Сојузот во изминатиот период не била во мирување туку, напротив, во континуитет се работело на решение за утврдување на износ на минимална пензија.

Министерката посочила и дека во претстојниот период ќе се интензивираат средбите со пензионерите во сите градови во државата, како можност за давање предлози кои ќе бидат основа во креирање решенија и предвидување на потребните законски измени за барањата да бидат реалност.

-Тренчевска на крајот од средбата истакна дека Министерството ќе вети само исполнување на решенија кои навистина ќе можат да се спроведат, затоа што, според неа, зборот даден кон граѓаните секогаш треба да биде целосно реализиран, информира МТСП.

Состанокот се одржа по вчерашниот протест на пензионрите кои и ги доставија своите барања на министерката во однос на зголемување на износот на пензиите и на минималната пензија. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), на состанокот со Тренчевска присуствувале претседателката на Сојузот, Станка Трајкова, и претседателите на здруженијата на пензионери од Прилеп, Штип и Охрид.

ВИДЕО | Пензионерите масовно на протест: Си играат мајтап со нас, бараме итно покачување на пензиите по 3.500 денари еднакво за сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот