Работите во канцеларија? Би можеле да изгледате како Ема кога ќе остарите! (ВИДЕО)

Youtube

Компанијата „Фелоус“, која произведува канцелариска опрема, нарачала истражување во кое сакале поблиску да ги покажат негативните ефекти на канцелариската работа на здравјето на вработените.

Во истражувањето главниот збор го водел тим експерти кои првенствено се занимаваат со ергономија, односно проучуваат како дизајнот на одреден производ може најдобро да се прилагоди на човечкото тело.

Интервјуирале повеќе од 3000 вработени од Велика Британија, Франција и Германија за нивните здравствени проблеми. Истражувачите се здружиле со дизајнерската компанија „Хеликс 3Д“, која визуелно ги илустрирала нивните резултати.

Продукт на нивниот заеднички труд е куклата Ема. Приказот покажува како пропаѓа здравјето на луѓето што работат во канцелариите и што конкретно ги мачи.

„Ако не направиме радикални промени во работните навики, како што се повеќе движење или редовни паузи за шетање, поради седењето во канцеларијата ќе бидеме сè поболни. Во иднина работниците би можеле да имаат полоши здравствени проблеми отколку оние во индустриската револуција“, рекол водителот на истражувањето, Вилијам Хигам.

Тој објаснил зошто куклата Ема изгледа така.

„Состојбата на Ема е нуспроизвод на секојдневниот канцелариски начин на живот. Грбот ѝ е свиткан од долгочасовното седење на бирото, добила проширени вени поради лошиот проток на крвта, стомакот ѝ е заоблен од постојано седење, а очите црвени од постојаното гледање во екранот на компјутерот или лаптопот.

Во Велика Британија 90% од испитаниците рекле дека здравствените проблеми влијаат на нивната продуктивност, а половина се пожалиле дека често ги напрегнуваат очите, дека имаат болки во грбот и главоболки поради работниот простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот