Работите отидоа предалеку! Ви треба ботокс? Не мора да излегувате од кола, оваа болница ќе ви вбризга ботокс додека сте во колата! (ВИДЕО)

јутјуб

Една клиника во Мајами, САД, се одлучи на револуционерен чекор, доколку може да се нарече така, односно вбризгува ботокс „за носење“, додека вие сте во вашата кола, слично како драјв тру улугите кога нарачувате храна за носење од Мекдоналдс.

Креаторот на идејата е д-р. Мајкл Салцхауер. Значи, се што е потребно е да се паркирате, лекарот ја носи инекцијата со ботокс, ја вбризгува онаму каде што ви е потребно „пеглање“ на лицето и вие си возите понатака.

Коментарите главно беа негативни, но има и духовити. Да си замислиме мајката и вика на ќерката: „Одам до драјв тру, ти треба ли нешто?“

„Да мамо. Еден филер за усни, фејслифтинг и три грама ботокс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот