Работи кои ниту еден библиотекар нема да ви ги каже, а треба да ги знаете!
Што се смее и не смее во библиотека, што се може да сретнете, какви заблуди имаат луѓето кога се во прашање книгите, а и нивната работа, открија библиотекари за популарниот магазин Reader’s Digest.
Еве некои нивниизјави кои може да ве изненадат:
1. Најпопуларната електронска книга? „50 нијанси на сиво“. Сите сакаа да ја проитаат, но никој не сакаше другите да знаат за тоа.
2. Понекогаш препорачувам книги кои ги немам прочитано. Немам толку време за читање како што мислите, а постојат и жанрови кои не ме интересираат. Понекогаш препорачувам непто само основано на рецензијата.
3. Имате уште прашања кои не се за книгите? Прашајте. Можеме да ви помогнеме во врска со минатото, истражувања генеалогија и средување на резиме. Еднаш едно момче дојде со пердув и беше многу среќен кога му откривме на кој вид птици припаѓа.
4. Како што рекол Нил Гејмен: „Гугл може да ви понуди 100 илјади одговори. Библиотекарот може да ви го даде вистинскиот“. Голем дел од работата на библиотекарите е пронаоѓањето информации – сега е тоа воглавно разграничување битни и небитни работи.
5. Никогаш не знаеме што ќе најдеме во касетите за оставање на книги. Понекогаш пронаоѓаме играчки, отпад, облека, чевли, храна, кондоми, па дури и крофни. Еднаш пронајдовме ракун.
6. Што се однесува до бришењето казни, повеќето од нас имаат безгранична моќ. Ако постои добра причина зошто доцните со враќањето на книгата (на пример член од семејството ако ви бил во болница) или особено се каете, можеме да ви ја тргнеме казната со еден клик.
7. Се нервираме кога ќе ни кажете – Твојата работа е толку убава, читаш цел ден. Тука се и задолжувањата, раздолжувањата, архива, програми, истражување, сортирање…
8. Би се изненадиле да знаете колку луѓе користат кредитни картички за да означат каде застанале. Друг неочекуван избор е: рецепти за лекови, фластери, фотографии, нотеси, картички и пари.
9. Американците во возрасната група од 16 до 29 години ги посетуваат библиотеките како и старите. Изненадувачки, луѓето постари од 65 според извештаите доаѓаат помалку од младите луѓе.
10. Бев волонтер и работев за непрофитна организација, но ни на една работа не почувствував дека правам ментална промена во животот на луѓето како тука.