Работи кои ги занемаруваме, а всушност треба често да ги чистиме – Слободен печат
МагазинСемејство

Работи кои ги занемаруваме, а всушност треба често да ги чистиме

Овие неколку работи во домот често ги занемаруваме и забораваме да ги исчистиме, но на нив навистина им е потребно многу поредовно чистење.

Честопати ги занемаруваме, а на нив треба редовно да им се обрнува внимание. Бацилите се појавуваат на места кои често забораваме да ги исчистиме. Но, хигиената треба да се запази во секое делче од домот.

Телефони

Статични или мобилни, овие апарати се често на нашето уво или во раце, па затоа се и број еден пренесувачи на бактерии и вируси. Исчистете ги со меко крпче и алкохол, внимателно на сите ќошиња и дупчиња.

Завеси во када

Секој ден стануваат влажни, што ги прави одлична подлога за создавање мувла. Кога ќе ги видиме нечисти, ги заменуваме со нови, наместо да ги сочуваме и да ги чистиме редовно.

Канти за ѓубре

…особено оние кои се во бањата и кујната. Испразнувањето на ќесите со ѓубре не е и чистење на кантата. Откако ќе ги отстраните ќесите, измијте ги кантите со средство за чистење.

Машина за миење садови

Ако одблизу погледнете во вашата машина за миење садови, ќе видите црни дамки, а во некои случаи и мувла. Истото важи и за гумените делови од вратата на фрижидерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close