Путин со порака до Трамп и Џонсон: Некогаш бевме заедно во првите борбени линии

– Сеќавањето на братството од времето на војната може да служи и за развој на конструктивен дијалог и соработка во борбата со современите предизвици, вели Путин.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, упати порака до претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерот на Велика Вританија, Борис Џонсон, по повод 75 годишнината од победата во Втирата светска војна.

Во пораката до Трамп, Путин навел дека Русија и Америка доколку Русија и Америка застанеа на првата борбена линија со глобалните предизвици двете земји би можеле многу да придонесат за глобалната стабилност.

– Русија и САД денеска се наоѓаат на првата борбена линија со глобалните предизвици. Нашите земји би можеле многу да придонесат во осигурувањето на глобалната безбедност и стабилност, се вели во пораката, соопшти Кремељ.

Претседателот на Русија по повод Денот на победата испрати порака и до британскиот премиер Борис Џонсон и во таа прилика соработката за време на Втората светска војна Путин ја нарекол непроценлива.

Тој истакнал дека такво нешто е потребно и денес, соопштува Кремељ.

– Големата победа е најважната случка во 20. век и таа е од вечно значење за судбината на селото човештво. Победата е постигната благодарение на заедничките напори на Советскиот Сојуз и земјите од антихитлеровската коалиција. Тоа непроценливо искуство многу ни е потребно и денес, навел Путин.

Тој изразил уверување дека сеќавањето на братството од времето на војната може да служи и за развој на конструктивен дијалог меѓу Британија и Русија и соработка во борбата со современите предизвици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот