ПУТИН ПРЕДУПРЕДУВА: Човештвото уште еднаш се приближува до црвената линија
Светот се приближува до црвената линија поради зголемувањето на бројот на регионалните конфликти, тероризмот, рушењето на системите на контрола на вооружувањето и економската нестабилност.
Препорачано
На тоа предупреди рускиот претседател Владимир Путин.
Тој на примањето на акредитивите на странските амбасадори изрази очекување дека светските лидери ќе учестувваат на церемонијата на одбележувањето на 75 години од завршувањето на Втората светска војна во мај во Москва, за да им оддадат почит кои загинаа во војната и на воените ветерани, како и повторно да ја потврдат посветеноста на иделите за мир, слобода и правда.
Напомена дека светскиот поредок по војната, а кој е содржан и во Повелбата на Обединетите нации (ОН), беше базиран токму на тие идеали, пренесува „Тасс“.
– За жал, човештвото уште еднаш се приближува до црвената линија поради порастот на бројот на регионални конфликти, растечките закани од тероризам и екстремизам и рушењето на системите за контрола на вооружувањето, додека глобалната економска ситуација е нестабилна – оцени Путин.
На церемонијата на приемот на акредитивите учествуваа 23 амбасадори, меѓу кои и дипломати од САД, Велика Британија, Франција, Кина, Иран, Ирак, Австралија, Германија, Грција и Шведска.


