Путин постхумно го одликува блогерот-пропагандист Татарски, убиен во нападот со бомба во Санкт Петербург

Фото: Твитер

Рускиот претседател Владимир Путин денеска постхумно го одликува воениот блогер кој вчера беше убиен во бомбашки напад во кафуле во Санкт Петербург, за кој официјална Москва ги обвини Украина и „агентите“ на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

„Орденот за храброст му беше доделен на Владлен Татарски (вистинско име Максим Формин) за „храброста и смелоста што ја покажа во извршувањето на неговите професионални должности“, се наведува во декретот објавен на сајтот на Кремљ.

Покрај Татарски во вчерашната експлозија во кафулето во центарот на Санкт Петербург беа повредени уште 25 лица.

Руските власти синоќа соопштија дека ја уапсиле младата Дарија Трепова, главна осомничена за нападот врз блогерот.

Русија денеска го обвини Киев дека го организирал нападот во Санкт Петербург во кој беше убиен воениот блогер и поддржувач на офанзивата против Украина со соучесништво на приврзаниците на притворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

„Утврдено е дека терористичкиот акт, извршен на 2 април во Санкт Петербург, бил планиран од украинските специјални служби“, соопшти рускиот антитерористички комитет.

Украинците негираа каква било вмешаност во нападот.

Тимот што го поддржува затворениот руски опозиционер Алексеј Навални ги отфрли обвинувањата на руските власти дека личноста осомничена за убиство на блогерот-пропагандист Вледлен Татарски е поврзана со Навални, инсистирајќи дека зад убиството стои руската тајна служба, пренесе „Си-ен-ен“.

Руската тајна служба го ликвидирала пропагандистот Татарски, велат од тимот на Навални

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот