Владимир Путин - Photo: Profimedia

Путин: Односите помеѓу Русија и Кина се фантастични

Во пресрет на официјалната посета на Кина, рускиот претседател Владимир Путин оцени дека односите меѓу Москва и Пекинг се на „фантастично ниво“ и дека станува збор за стратешко партнерство изградено врз доверба, рамноправност и заеднички ставови за глобалната стабилност, мирот и мултиполарниот свет, пренесе Xinhua.

Путин истакна дека редовните меѓусебни посети и разговорите на највисоко ниво се значаен дел од напорите за развој на целокупните односи меѓу двете земји.

„Редовните меѓусебни посети и одржувањето руско-кинески разговори на највисоко ниво се важен и неразделен дел од нашите заеднички напори за развој на целокупниот спектар односи меѓу двете земји и за отклучување на нивниот навистина неограничен потенцијал“, изјави Путин.

Тој потсети дека пред 25 години Русија и Кина го потпишале Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој, според него, поставил цврста основа за вистинска стратешка соработка и сеопфатно партнерство во корист на двете држави и нивните народи.

„Денес руско-кинеските односи достигнаа навистина фантастично ниво. Нивниот посебен карактер се огледува во атмосферата на меѓусебно разбирање и доверба, подготвеноста за соработка врз заемно корисни и рамноправни основи, водење дијалог со почит и меѓусебна поддршка за прашања што се од суштински интерес за двете земји, вклучително и заштитата на суверенитетот и државното единство“, нагласи Путин.

Официјалната посета на рускиот претседател на Пекинг ќе трае денеска и утре.

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, најави дека лидерите ќе разговараат за најважните и најчувствителните прашања во билатералните односи. Меѓу темите ќе биде и детална дискусија за соработката во испораката на јаглеводороди.

Советници на Трамп по посетата на Кина: Напад врз Тајван во следните 5 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот