Путин и израелскиот премиер Бенет разговараа за ситуацијата во Украина

Телефонски разговор на Путин со Бенет/Фото: EPA-EFE

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет и го појаснил официјалниот став на Москва за ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ, наведувајќи дека разговорот бил на барање на израелски премиер.

– Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ја претстави принципиелната позиција на Русија за решавање на конфликтот, нагласувајќи ја потребата од почитување на безбедносните интереси на Русија. Тој ја истакна потребата од демилитаризација и денацификација на украинската држава, обезбедување на нејзиниот неутрален и ненуклеарен статус, признавање на суверенитетот на Русија над Крим и независноста на Народните републики Доњецк и Луганск, се вели во соопштението на Кремљ.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет споделил дел од неговите ставови за ова прашање, формирани по неодамнешните контакти со лидерите на голем број земји.

Путин и Бенет се договориле да продолжат да одржуваат контакти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот