Путин го разреши својот советник Сурков, креаторот на „вертикална моќ“

Разрешувањето на Сурков (55) беше најавено со претседателски указ на веб-страницата на Кремљ, а неговите можни идни функции не се објавени.

Владимир Путин, претседателот на Русоја, денеска го отпушти Владислав Сурков, еден од неговите најпознати советници, творецот на „путинизмот“ и „вертикалата на моќта“, за чие заминување се пишување со недели.

Разрешувањето на Сурков (55) беше најавено со претседателски указ на веб-страницата на Кремљ, а неговите можни идни функции не се објавени.

Руската опозиција не го толерира Сурков, бидејќи организирал систем на управување на почетокот на 2000 година преку контролирани медиуми, кротка опозиција во парламентот и задушување на протести.

Тогаш Сурков го создаде концептот за „вертикална моќ“, државна моќ која зависи само од Владимир Путин.

Од 2014 година тој е главен стратег на Русија за украинската криза, обележана со анексијата на Крим во 2014 година и судир на Киевските сили и проруските сепаратисти на истокот на земјата, во кои загинаа повеќе од 13.000 луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот