Путин го помилувал канибалот кој изел четворица студенти, па го испратиле на бојното поле во Украина

Путин го помилувал канибалот кој изел четворица студенти, па го испратиле на бојното поле во Украина / Фото Слободен печат колаж / Архива

Русин кој бил осуден на две децении затвор поради убиство на четворица тинејџери, наводно бил помилуван од рускиот претседател Владимир Путин во замена за неговото учество во војната во Украина, пишува Њузвик.

Николај Оголобјак, кој призна дека е член на сатанистичка секта, бил осуден во јули 2010 година под обвинение за убиство, грабеж и сквернавење на труп. Членовите на сектата ги пржеле и јаделе органите на своите жртви во станот на Оголобјак во 2008 година, покажуваат судските документи на кои се повикува рускиот портал 76.ру.

Русија, наводно, интензивно регрутира затвореници со месеци во обид да им помогне на нејзините воени напори во соседна Украина.

Таткото на Оголобјак за порталот изјавил дека Оголобјак шест месеци служел во озлогласената руска единица Стром-З, која Русија ја користела за изведување локални напади на фронтот во Украина, а сега е дома во градот Јарослав во Московската област.

„Тоа е вистина. Таму служеше шест месеци во Сторм-З. Откако се повреди, стана инвалид. Раната беше сериозна“, рече таткото на Оголобјак и додаде дека поради повредите тешко дека тој ќе биде повторно испратен да се бори во Украина. Тој рече дека неговиот син се вратил од Украина на 2 ноември и моментално живее со својата мајка.

Сектата на која и припаѓал Оголобјак била основана во 2006 година од 15-годишниот Константин Клик Баранов. Неколку години, членовите спроведувале „крвни ритуали“, убивајќи кучиња и мачки и ја користеле нивната крв за да иницираат нови членови.

Во летото 2008 година, осум членови убиле и распарчиле четворица студенти во Јарослав. Обвинетите се осудени на затворска казна од осум до 20 години. Оголобјак добил 20 години затворска казна со максимална безбедност.

Веста за помилувањето на Оголобјак доаѓа откако Путин го помилува Владислав Канјуш, мажот осуден за убиство на неговата 23-годишна поранешна девојка. Во јули минатата година тој беше осуден на 17 години затвор со максимална безбедност за убиството на Вера Пехтелева во Кемерово, Сибир во 2020 година.

Затворениците „се откупуваат со крв за злосторства на бојното поле, во јуришни бригади, под куршуми, под гранати“, изјави за новинарите на 10 ноември секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Мајката на убиената во јуни изјави дека дознала дека Канјуш заминал во Украина да се бори во војната. На 8 ноември, активистката за човекови права Алена Попова рече дека Путин најавил помилување за Канјуш.

Најмалку 17 луѓе кои извршиле тешки убиства, вклучително и Канјуш, добиле помилување за да се борат во Украина во 2022 и 2023 година, според Агенција, руска истражна страница отворена во 2021 година. Изданието вели дека сите убијци учествувале во војната во Украина, а некои се вратија во Русија и повторно извршија злосторства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот