Пукање во болница во Вирџинија

САД полиција/ Фото EPA-EFE/DAVID SWANSON

Едно лице е тешко рането во болница во американската сојузна држава Вирџинија кога маж кој дошол на психијатриска проценка, почнал да пука.

Началникот на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс, изјави за новинарите дека повикот до полицијата дошол околу 04:00 часот по локално време, кога се слушнале истрели во болницата Чипенхем, пренесе АП.

Полицајците кои пристигнале во болницата пронашле маж со сериозни прострелни рани, но неговиот живот не бил во опасност.

Едвардс откри дека полицаец од блискиот Честерфилд, кој случајно се нашол во болницата, возвратил за време на инцидентот, но дека осомничениот не бил повреден.

Осомничениот, 27-годишен маж од Глен Ален, се предал и бил приведен. Мотивот за пукањето засега не е познат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот