ПСЖ се огласи по навредите на навивачите кон Меси и Нејмар
Пред два дена ПСЖ го суспендираше Меси на две недели поради патувањето во Саудиска Арабија кое не го најавил, таквиот потег на Аргентинецот придонесе и револт кај навивачите.
Препорачано
Во текот на вчерашниот навивачите се собраа пред стадионот во Париз и го испраќаа навреди кон аргентинскиот фудбалер.
Навреди доби и Нејмар пред неговиот дом во Париз. Причината за навредите кон Бразилецот бил наводно негов „лајк“ на фотографија на социјалните мрежи на која Меси е во дресот на Барселона.
? PSG fans in front of Neymar’s house pic.twitter.com/wXgIOBNM6M
— ParisienTimes (@parisientimes) May 3, 2023
Пари Сен Жермен денес се огласи со соопштение и ги осуди ваквите постапки на навивачите.
„Пари Сен Жермен најостро ги осудува неподносливите и навредливи постапки на мала група поединци, кои се случија пред просториите на клубот оваа среда. Без оглед на разликите, ништо не може да ги оправда таквите дела. Клубот ја дава својата целосна поддршка на своите играчи, неговото раководство и на сите оние кои се загрижени од овие срамни однесувања“, стои во соопштението од Париз.
Communiqué du club
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 3, 2023


