ПСЖ нуди 80 милиони евра за двајца играчи на Милан

twitter.com/SuperSportTV

Ромањоли е капитен на „росонерите“, додека Бразилецот Пакета лани му се придружи на клубот, сеуште нема погодок сезонава, со само една запишана асистенција.

Според „Кориере дело спорт”, дефанзивецот Алесио Ромањоли и играчот од средниот ред Лукас Пакета паднале во сферата на интересите на парискиот клуб.

Францускиот шампион сака да ангажира двајца играчи на Милан одеднаш. ПСЖ е подготвен да даде понуда за Италијанецот и Бразилецот во текот на овој месец.

Според извор, парижаните имаат намера да понудат 80 милиони евра за двајцата играчи.

24-годишниот Ромањоли досега одигра 17 натпревари во првенството на Италија, а Пакета (22) запиша 13 мечеви.

Ромањоли е капитенот на „росонерите“, додека бразилскиот фудбалер од средниот ред Пакета му се придружи на клубот минатата година, но сеуште нема погодок сезонава, имаше само една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот