Првото вештачко срце за трансплантација било продадено од компанијата „Кармат“

вештачко срце
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Француската компанија за медицинска простетика „Кармат“ објави дека првпат продала вештачко срце кое ќе биде трансплантирано во италијански пациент, пренесува „The Economic Times“.

Операцијата била направена од тим воден од кардио хирургот д-р Чиро Мајело во болница во Неапол, еден од центрите што имал најголемо искуство во полето на вештачки срца, велат од компанијата „Кармат“.

Компанијата, во декември 2020 добила дозвола за продажба на „Aeson“ вештачкото срце, замислено како „мост кон трансплантација“, кое би се вградувало додека пациентот не добие орган.

Портпаролка на компанијата изјавила дека ова е првпат вештачко срце да биде искористено надвор од клиничко тестирање. Трошоците за операцијата – 177, 000 евра биле платени од регионалниот здравствен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот