Првиот сопруг на Бритни Спирс осуден на 128 дена затвор за упад на нејзината венчавка

џејсон александер
Џејсон Александер, Бритни и Сем / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Џејсон Александер (40), првиот сопруг на пејачката Бритни Спирс, е осуден за неовластен упад, откако непоканет се појави на свадбата на пејачката во јуни, пишува „Индепендент“.

Како што пренесува „Би-би-си“, Александар ја признал вината, а судијата го осудил на 128 дена затвор.

 


Тој беше запрен од обезбедувањето кога скокна низ капијата за да упадне на свадбата на Бритни Спирс и нејзиниот долгогодишен партнер Сем Ашгари.

Нејзиниот поранешен телохранител сведочеше на суд и откри дека Александер се обидел да ја отвори вратата од нејзината спална соба додека Бритни била во неа, но таа била заклучена.

Да потсетиме, Александар помина само 55 часа во бракот со Спирс, која му била другарка од детството, откако бракот беше поништен во 2004 година.

Пејачката се омажи за Ашгари на приватна церемонија во нејзиниот дом во округот Вентура, Калифорнија, на 9 јуни.

Обезбедувањето на Бритни: Нејзиниот поранешен сопруг се обиде да влезе во нејзината спална соба

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот