Фото: ЕПА

Први избори во Австрија по скандалот „Ибица“ кој ја урна коалицијата на Курц

Поранешниот канцелар на Австрија од централната десница Себастијан Курц најверојатно ќе се врати на власт, само четири месеци откако објавени снимки ја урнаа неговата коалициска влада со националистичката десница, објави британски „Гардијан“.

Народната партија (ОВП) на Курц се очекува да победи на изборите на кои 6,4 милиони Австријци ќе излезат оваа недела, но најверојатно ќе мора да разгледа формирање на необични коалиции, откако скандалот „Ибица“ целосно ја промени политичката клима во земјата.

Од јуни, Австрија е предводена од страна на привремена влада од Брижит Биерлејн, откако Курц стана првиот канцелар во модерната историја на неговата држава што бил урнат од власт со изгласување на недоверба.

Триесет и три годишниот политичар беше соборен од власта во пресрет на објавувањето на тајно смниманите видео-клипови кои покажуваа дека заменик-канцеларот и лидер на десничарската Партија за слобода (ФПО), Хајнц-Кристијан Штрахе, сугерира дека би можел да понуди лукративни јавни договори, а за возврат да добие поддршка за политичка кампања.

Штрахе се повлече од неговата позиција како претседател на партијата, а ФПО оди на неделните избори предводена од бескомпромисниот поранешен министер за внатрешни работи Херберт Кикл и Норберт Хофер, кој со мала разлика загуби на претседателските избори во 2016 година.

Поради нарушениот имиџ и предизборната кампања посветена на проблемите со климатската криза отколку за имиграцијата, националистичката партија веројано ќе има полош перформанс на неделните избори, во однос на оние во 2017 година. Сепак, можноста за повторна соработка и алијанса со партијата на Курц е се уште можна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот